Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариев не го пречека Бочварски во кабинетот

Захариев не го пречека Бочварски во кабинетот

Поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев не го пречека новиот градоначалник Благој Бочварски во кабинетот. 

Шефот на кабинет на претходниот градоначалник Захариев, денеска му посака добредојде на Бочварски. 

„Јас, гледајќи дека во цела Република Македонија се случува примопредавање на градоначалничката функција на еден културен и демократски начин, но, денеска овде не е таков случај. Како и да е, ќе беше добро тука да е и претходниот градоначалник и од него, од прва рака да бев запознат со актуелната состојба во Општината. Но, тие информации ги добив од сегашниот шеф на кабинет“- изјави  Бочварски. 

Бочварски вети транспарентност во работата  и исполнување на дадените предизборни ветувања. 

Слично

Поврзани вести