Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариев: Можен недостиг на шприцеви, ракавици и контрастни средства во штипската болница

Захариев: Можен недостиг на шприцеви, ракавици и контрастни средства во штипската болница

Со недостиг на шприцеви, ракавици и материјали за снимање – може да се соочат и македонските болници поради конфликот на Блискиот Исток. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека проблем има со набавките, а најкритично е со контрастните средства за компјутерска томографија и магнетна резонанца. Посочува дека залихите  се на долна граница, односно имаат материјали за еден до два месеци. Се очекува кризата да се надмине во наредните еден до два месеци, во спротивно ќе се прави реорганизација. 

„Тоа не е некој дефицит по болниците, туку ќе биде дефицит на светско ниво, за сметка на помалото производство на тие продукти што ни требаат на нас. Во моментот проблем очекуван што би можеле да го имаме е проблемот со контрастот. Тоа се контрасните средства за снимање на компјутерска и магнетна резонанца, значи тука залихите ни се на долна граница, но според добавувачите и тие немаат залиха, бидејќи и самиот производител не работи со тој капацитет што е работел порано. Сите болници имаат некоја залиха, и ние имаме залиха за месец-два и се надеваме таа криза да се надмине, во спортивно ќе правиме некоја реорганизација по другите болници каде што има залихи, а не ги користат“, изјави Захариев.

Директорот на Клиничка болница Штип, Захариев, апелира до матичните лекари и специјалистите да се одложат контролните упати за снимања со контраст на компјутерската томографија и магнетната резонанца. Тој вели дека проблемот со контрастните средства е на светско ниво, но очекува нови количини да пристигнат околу 21 мај.

Слично

Поврзани вести