Загрозениот сведок за случајот „27 април“ ќе сведочи денес
Продолжува сведочењето на загрозениот сведок С1 за случајот „27 април“.
Во вој случај се гонат 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, поради технички причини беше префрлено во стариот објект на судот.
Поради расправијата меѓу судечкиот совет и адвокатите за лошите услови во старата зграда на судот, одбраната беше казнета со по 1.000 евра, по што го напуштија судењето.
На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за време на критичниот 27 април минатата година.
