Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загрозениот сведок во случајот „Монструм“ видел четири мртви тела и три возила кај Смилковско

Загрозениот сведок во случајот „Монструм“ видел четири мртви тела и три возила кај Смилковско

Повеќе од шест години поминаа од петкратното убиство кај Смилковско езеро, а на денешното сослушување загрозениот сведок одговарајќи на прашања на одбраната препозна и опиша обвинетите.

Заштитениот сведок во текот на денешното сведочење во Кривичниот суд кажа дека вечерта, на 12 април 2012 година, кај Смилковското езеро, видел четири мртви тела, но оти не се сеќава дека имало уште едно тело. 

Додаде дека на местото на убиството видел и автомобил „голф“ и уште две возила на чии марки не можел да се сети.

На 12 април  2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски додека на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута

Судењето за предметот „Монструм“ го води Специјалното јавно обвинителство а во судница денес се обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, кој е спроведен од затворот Шутка.

Според претседателот на  судечкиот совет Огнен Ставрев во тек постапката за екстрадиција на обвинетите АСдидемири и Африм Исмаиловиќ од Косово. 

Слично

Поврзани вести