Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГРОЗЕНИ СЕ КУЌИ И ВИКЕНДИЦИ: Голем пожар има кај село Руѓинце

ЗАГРОЗЕНИ СЕ КУЌИ И ВИКЕНДИЦИ: Голем пожар има кај село Руѓинце

Голем пожар има кај село Руѓинце, а полициски хеликоптер и ер-трактор се на терен.

Пожар попладнево изби во атарот на селото Руѓинце, Општина Старо Нагоричане. Силниот ветер брзо го рашири пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него.

„Според временската прогноза на УХМР, не се очекува дожд во тој регион. Поради загрозувањето на куќи и викендици и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС“, соопштија од ЦУК.

Претходно, во овој регион, три куќи изгореа во Бељаковце. Се работеше за стари, но функционални куќи. 

фото ЦУК

Слично

Поврзани вести