Загрижувачки изгледа училиштето во Костурник: надлежните без конкретно решение
Училиштето во селото Костурник не личи на образовна установа и тоа сѐ уште не допира до „ очите “ на властите иако училиштето се наоѓа на само 5 км од Куманово. Наставникот Феми Џафери, првиот час го посвети на „Денот на првото албанско училиште“.
По повод „7 Март“, учениците рецитираа поезија. Џафери вели дека наставата се одвива во отежнати услови, во импровизиран објект каде во две училници учат четири паралелки. Иако, се наоѓа на само 5км од Куманово, вели дека училиштето и понатаму не претставува приоритет за властите.
Според него, 22 ученици до петтото одделение тешко ги одржуваат часовите, поради недостиг на услови, кои треба да би обезбедат надлежните органи.
„До ден денеска работиме во приватен објект, кој не ги исполнува условите. Особено недостасува нов објект и две други училници. Од овие луѓе на власт, министерствата за образование и локалната власт, но и со директорите на училиштата, не наидовме на разбирање за изградба на училиште, со кое ученици би се изедначиле со нивните врсници во Македонија“, вели Џафери, пишува тв 21.
Во такви услови и во тој објект наставата се одржува уште од 1994 година. Селаните по две децении чекање, одлучија сами да изградат нов училиштен објект.
Претседателот на месната заедница, Ќаил Ќаили, вели дека камен темелникот бил поставен пред две години, но сѐ уште не успеале да ги отворат вратите на новото училиште.
Од Министерството за образование, велат дека селото е мало и дека не е на листа на приоритети за основно образование, но ветија дека во буџетот ќе бидат предвидени средства за инвентарот на објектот.
Од општина Куманово велат дека во моментов, за основното училиште во Костурник, можат да ја подготват само документацијата за легализација на објектот со забрзана постапка.
