Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ДЕНЕСКА: 11 смртни случаи и 185 новозаразени

ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ДЕНЕСКА: 11 смртни случаи и 185 новозаразени

Нови заразени лица со корона вирусот денеска се вкупно 185 од направени 1364 тестирања, а уште повеќе загрижува бројката на починати пациенти кои денеска се 11.

Од Министерството за здравство информираат:

За осум починати од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г). Во болницата во Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во болницата во Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

Од новозаразените, најмногу има во Скопје 96, Куманово 2, Дебар 18, Штип 4,  Прилеп 1, Тетово 4, Струга 20, Велес 2, Битола 2, Охрид 7, Кавадарци 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 8.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.


Слично

Поврзани вести