ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Бројот на починати во Македонија пораснал за 36 отсто
Пандемијата го зголеми бројот на починати во Македонија за 36 отсто. Загрижувачки се бројките на Државниот завод за статистика.
6.925 лица починале во периодот јануари-март 2021 година, и тоа е зголемување од 35,8 отсто во споредба со истиот период лани. Природниот прираст е негативен и изнесува – 3 029, што значи бројот на живородените деца е помал од бројот на починатите. Во Скопје имало 1.646 починати и природен прираст -444. Потоа следи Битола со 426 починати во периодот јануари-март, а природниот прираст е -231. Прилеп имал 391 починато лице, додека природниот прираст е -256. Македонија со години има лоша демографска слика, но пандемијата ги влоши работите.
Слично
