ЗАГРИЖУВА ФАКТОТ ШТО ПРИРАЧНИКОТ Е ОДОБРЕН ОД ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Емилија Бошковска доктор по развојна и педагошка психологија за Фактор
Хетеросексуалците се
злоставувачи на деца, значи пораката е„ не бидете хетеро“, хетеросексуалците
немаат стабилни релации во смисла на врски и брак, значи не бидете хетеро, вака доц. д-р Емилија Бошковска, доктор по
развојна и педагошка психологија за Фактор ги коментира прашањата кои се дел од
прирачникот „Образование по животни вештини за средните училишта“ кој вчера
излезе на социјалните мрежи, а во текот на денот линкот беше повлечен од
страницата на Бирото за развој на образованието.
Дел од прашањата внесоа вознемиреност и револт кај граѓаните кои цемат дека во првата тематска единициа практично не постои ништо што укажува на животни вештини и таа е насловена како „личен развој“, за што Бошковска посочува.
- Личен развој е тема која треба да биде присутна во текот на целиот образовен процес, но многу е дискутабилно што сè авторите ќе опфатат во таа тема и за која возраст ќе го наменат. Во однос на авторот на прирачнокот, дали е странски или наш е неважно.... Многу побитен и истовремено загрижувачки е фактот што е одобрен од образовните институции, што укажува дека овој прирачник е инструмент во стратегиите за промена на јавното мислење.
Бошковска оценува дека целта на самото постоење на овој прирачник не е во насока нашето општество да стане поотворено, или пак дека е во насока на што поголемо почитување на различностите.
- Јас лично се исфрустрирав кога ги прочитав прашањата
и се почувствував нападната што сум хетеросексуалец, професор па и психолог. Почувствував
како некој да се обидува да ме оцрни поради мојата определба, која впрочем е сè уште определба на мнозинството. Според
чувствата кои ги предизвикаа овие прашања кај јавноста со сигурност може да се
каже дека немаат тенденција да предизвикаат отвореност и прифаќање на
различности, туку напротив генерираат негативни чувства, дискриминирачки се,
агресивни и наведуваат кон,
повторно ќе кажам, промена на
јавното мислење. Зашто го потенцирам ова, нормално однесување е она што го прават повеќето
луѓе, па од таму спротивното е патологија. Ако појдеме со идеја да развиеме
ново нормално, се што треба е да понудиме поинаков начин на однесување кај оние
што се најотворени за учење, а тоа се младите кои сеуште немаат дефинирани
преференции и допрва градат ставови и мислења. Во таа насока уште еднаш
прочитајте ги прашањата и која е нивната порака. Прашањата кои ги коментираме алудираат дека хетеросексуалците се
злоставувачи на деца, значи пораката е„ не бидете хетеро“, потоа
хетеросексуалците имаат повеќе ментални нарушувања, значи не бидете
хетеросексуалци за да немате ментални нарушувања.....хетеросексуалците немаат
стабилни релации во смисла на врски и брак, значи не бидете хетеро....или
хетеросексуалците се повеќе промискуитетни!! Ова се прашања за класична
пропаганда за промена на ставови и наведуваат на погрешни заклучоци, а и впрочем неточни се
конструктите кои се обидуваат да ги протнат како недокажливи вистини.
Останува прашањето кое и мене ме мачи...Со кое право образовните институции се мешаат во нечија сексуалност и како тоа право го превзедоа од семејството?! Да им дозволиме на децата да се градат себе си постепено секој во свое време и со свое темпо. Влијанието на семејството и на врсниците е тоа што треба да доминира, а не образовните или глобални политики. Трендовите кои доминираат во моментов се небиолошки, непсихолошки и со еден збор нехумани, а на што образовниот систем намерно или ненамерно го пропушта е работа на развивање на вистинските човечки вредности кои во последно време се губат, на емпатичност и емоционална интелигенција на младите и на подобрување на менталното здравје кое е се позагрижувачко а државата го игнорира, констатира Бошковска.

Истовремено пак, Бирото за развој на образованието посочи дека станува збор за прирачник уште од 2011 година кој е за наставниците.
-Бирото за развој на образование најостро ги демантира дезинформациите во јавноста за наводно постоење и употреба на учебник којшто го користат учениците во средното образование за реализација на програмата Образование за животни вештини. Имено, се работи за изготвен прирачник за наставници врз основа на наставна програма. Наставната програма е донесена од министерот за образование и наука, а Прирачникот е одобрен од директорот на Бирото за развој на образование и министерот за образование и наука во 2011 година. Наставната програма не е задолжителна, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини (и соодветно на тоа кои работни листови) ќе ги реализираат и во кој период од учебната година со цел да одговорат на потребите на адолесцентите. Наставната програма за Образование за животни вештини не се однесува на наставен предмет, туку може да се реализира на часот на класната заедница со учениците од прва до четврта година во сите видови средно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование), наведуваат од БРО.
Појаснуваат и дека во програмите за средно образование (од прва до четврта година), во темата Здраво живеење има разработено содржини, цели и активности кои се однесуваат на сексуалното здравје.
-Со оглед на тоа дека Прирачникот (како и работните листови) и наставната програма за образование за животни вештини се изработени пред една деценија, истите ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период кога се планира реформа на средното образование согласно нов Закон за средно образование. Имајќи ја предвид, брзината со која се шират сензационалистички и лажни вести на социалните мрежи повторно апелираме до граѓаните, а особено до родителите и младите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации што се споделуваат во врска со образованието на младите, а коишто не се официјално потврдени од надлежните институции.
Анита Буховски
