Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е од Крива Паланка
34-годишник од Крива Паланка е загинатиот на градилиштето во Кисела Вода, пренесува Скопјеинфо.
„Вчера во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, информираа од полицијата.
Скопското обвинителство издаде наредба за обдукција за починатиот.
Слично
