Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНАА ДВЕ ЛИЦА: Автомобил излета во провалија длабока до 200 метри на Галичица

ЗАГИНАА ДВЕ ЛИЦА: Автомобил излета во провалија длабока до 200 метри на Галичица

Несреќа со смртни последици се случи во околината на Охрид. Двe лица загинаа на Галичица, откако излетале со автомобил во провалија.

Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) информираат дека возилото е лоцирано на место викано „Превој“ на Галичица.

„Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“, велат од ЦУК.

Екипа на СВР Охрид, планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжуваат со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.

foto galicica.org.mk

Слично

Поврзани вести