Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНАА 138 ЛУЃЕ: Собранието ќе формира Анкетна комисија за четирите трагедии

ЗАГИНАА 138 ЛУЃЕ: Собранието ќе формира Анкетна комисија за четирите трагедии

Собранието денеска донесе одлука да основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија. Анкетната комисија се формира на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во модуларната болница во Тетово и за „Дурмо турс“ кај Ласкарци, како и несреќата несреќата на ’Беса транс’ во Бугарија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, образложи дека Анкетната комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите има за цел да се утврдат сите пропусти во изминатиот период кои придонесоа за 138 жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.

Собранието не ја прифати иницијативата за формирање посебна анкетна комисија за случувањата во Кочани поднесена од СДСМ, Левица и ДУИ за која гласаа само 28 пратеници.

Слично

Поврзани вести