Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНА ТРАГИЧНО ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ МОСТАР-19 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ: Денеска државнички почести во повеќе градови

ЗАГИНА ТРАГИЧНО ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ МОСТАР-19 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ: Денеска државнички почести во повеќе градови

Со државнички почести, Владата денеска ја одбележува 19-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата предводена од Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев - директор на Бирото за јавни набавки.

Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата Вилма Трајковска,  делегација на кабинетот на Претседателот предводена од Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од Горан Мисовски, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација предводена од министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.
Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина. 


Слично

Поврзани вести