Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загина работник кој одглавувал лифт

Загина работник кој одглавувал лифт

При изведување работи на лифт во катната гаража „Солунски Конгрес“ во Скопје , вчера  во 17.50 часот паднал М.В. (57) од Скопје. 

Во обид да го одглави лифтот за автомобили, кој бил заглавен на осмиот кат, работникот се лизнал и паднал.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесен на КАРИЛ, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Во 1.15 часот по полноќ М.В. починал во болница. 

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.


Слично

Поврзани вести