Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загина првата жртва на новиот автопат Штип - Миладиновци, возел во спротивна насока

Загина првата жртва на новиот автопат Штип - Миладиновци, возел во спротивна насока

Загина првата жртва на новоотворениот автопат Миладиновци - Свети Николе - Штип, кој беше пуштен во употреба оваа недела. Очевидци велат дека загинатиот управува со нерегистриран мопед и се движел во спротивна насока.

Станува збор за триесет и едногодишен маж од Велес кој управувал со мопед при судар со автомобил на потегот од Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. 

На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител.


Слично

Поврзани вести