ЗАГИНА МЛАД ПРОФЕСИОНАЛЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Со огромна брзина го „покоси“ мазда
Млад човек загина на скопската обиколница, потврди полицијата.
„Во 15,48 часот е пријавено дека на обиколницата, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти: А.Ш. , кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на ИМП е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“. Полициски екипи вршат увид на место на настанот“, велат од полицијата.
Увидот е во тек. Неофицијално станува збор за професионален велосипедист. Загинатиот велосипедист неофицијално е професионалец во тимот „Феникс Тетово“, зад себе остави две малолетни деца. Ова е втора несреќа во која загина велосипедист по само месец ипол откако на автопатот Скопје - Тетово имаше таков случај.
