Загина малолетник на мопед во Охрид
Синоќа во доцните вечерни часови, односно денеска во 1.40 часот малолетник на 16-годишна возраст загинал, управувајќи мал мотоцикл во Охрид во близина кај хотелот Парк.
„На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишникод Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повредии со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите“, објави СВР Охрид.
Неговиот 16-годишен сопатник се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Слично
