Загина ловџија од Богородица погоден додека бил на лов
Почина маж од селото Богородица на возраст од 31 година погоден од куршум на лов на планината Кожуф.
Полицијата соопшти дека го погодил Б .Ѓ. (52) од Гевгелија.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Гевгелија.
„Б. Ѓ. бил приведен во полициската станица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција“, информираат од МВР.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
