ЗАГИНА И ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ШТИП: Меѓу жртвите е и Филип Стевановски
И директорот на Центарот за култура Штип, Филип Стевановски загинал ноќеска во кочанската дискотека Пулс. Тој е член на бендот и е по потекло од Куманово.
Според информации на Тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште. Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и на директорот на Центарот за култура Штип. Стевановски е магистер по џез и директор на штипскиот Фестивал за детски песнички „Весело Штурче“, познат е кај штипската и македонската музичка публика како истакнат во својата продуцентска и композиторска дејност.
Слично
