Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загина 80-годишник од Австрија на патот кон Попова Шапка

Загина 80-годишник од Австрија на патот кон Попова Шапка

На делницата кон Попова Шапка вчера доцна попладне загинал 80-годишник од Австрија откако излетал од патот, објави МВР.

- На 07.04.2024 околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - Попова Шапка, патничко моторно возило „рено меган" со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот, соопшти полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.


Слично

Поврзани вести