Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загина 42-годишен мотоциклист кај Кочани

Загина 42-годишен мотоциклист кај Кочани

Четириесет и двегодишен мотоциклист од Кочани загина во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на местото викано „Компосара“.

Според информациите од СВР Штип, во несреќата учествувале товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки и мопед без регистарски ознаки. Мотоциклистот починал на пат кон болницата во Кочани.

„На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал на пат кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт“ соопштија од штипската полиција.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Слично

Поврзани вести