Загина 24-годишна девојка кај Сити мол
Млада девојка загина во Скопје. Девојка на 24-годишна возраст вечерва загина кај Сити мол откако во неа удрил автомобил.
Во неа удрил 22-годишен возач со иницијали Ј.Ѓ., а повеќе информации полицијата ќе соопшти утре.
Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин.
Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Тојота“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што се здобила со смртни повреди, објави А1он.
Полицијата моментално е на терен и врши увид на местото на несреќата.
Слично
