Загина 16-годишник од Јурумлери во судар на мотоцикли, тројца тинејџери со тешки телесни повреди
Тинејџер на 16-годишна возраст од скопското село Јурумлери загина во Кадино синоќа пред полноќ при судар на два мотоцикли, објави МВР во полицискиот билтен.
Малолетникот управувал мотоцикл „малагути“ без регистарски ознаки, а со него се возел и 15-годишник од Скопје кога се судриле со мотоцикл „пиаџо“, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала и 17-годишна сопатничка од Скопје.
На местото на незгодата од лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Слично
