ЗАГАДУВАЊЕ: Дали ветерот го расчисти Скопје?
Ветерот што синоќа почна да дува во Скопско го расчисти загадениот воздух.
По 22 часот синоќа според мерењата, концентрацијата на ПМ-10 честичките се под максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар.
Moментално во земјава нема град каде воздухот е високо загаден.
Високо загадено е во Куманово, а веднаш по него со средно загаден воздух се Битола и Тетово.
Ниско загаден е Дебар, а многу ниско загадени се Кочани, Кавадарци, Велес и Кичево.
Според апликацијата Мој воздух, Лисиче, Карпош, Гази Баба, се многу ниско загадени денеска, а нешто позагадено е во Центар, Миладиновци и Ректорат.
Слично
