Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГАДЕНОСТА КУЛМИНИРА: Скопје и три балкански градови на врвот

ЗАГАДЕНОСТА КУЛМИНИРА: Скопје и три балкански градови на врвот

Скопје, Приштина, Сараево и Белград се во 10 најзагадени градови во светот вечерва, покажува рангирањето на air visual. 

Скопје е на 9 место, Приштина е на 5, Белград е на 7 позиција, а Сараево е зад Скопје, на 10 место. Загреб вечерва е на 84 место. Софија е 37 по ред. 

Поради зголемената концентрација на токсични материи во воздухот, Оперативниот штаб на Владата на Кантон Сараево денеска ја објави втората епизода на предупредување од планот за интервентни мерки и за проценка на идната состојба на загадување на воздухот, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Во наредните денови, како што најавуваат од Владата на кантонот, во зависност од состојбата ќе се преземат дополнителни мерки ако продолжи трендот на раст на токсичните материи во воздухот, објавија медиумите во БиХ.

Најзагаден во светот, е Лахоре во Пакистан, а втор е Кабул во Авганистан. 

На трето место е Делхи, а не четврто Калкута во Индија. 

Слично

Поврзани вести