Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГАДЕНО УТРО ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Се прашуваме како ли ќе дишеме зимава

ЗАГАДЕНО УТРО ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Се прашуваме како ли ќе дишеме зимава

Цела година екологистите предупредуваат дека зимава ќе биде алармантно загаден воздухот па надлежните навреме да преземат мерки и да ги заштитат граѓаните. Засега мерките се претежно на хартија, а повеќето се вадат на тоа дека планови има но за тој проблем не може да се зборува за решение на краток рок.

И покрај сончевото време месецов кој полека поминува викендов се регистрираа најзагадените градови во Македонија.

Исклучок не е ниту ова понеделниќко утро.

Тетово, Велес, Скопје-Бисер, Куманово, Битола, Штип, Струмица се градовите кои по сабајле надминуваат граници на загаденост со ПМ честици.


Главниот град Скопје вчера се најде меѓу првите десет загадени градови, односно од седмо место утринава, околу 10 часот отиде малку подолу, на 10 место.

Екологистите сметаат дека вина има кај граѓаните и институциите за ваквата состојба.

„Свеста на луѓето е на многу ниско ниво,  но и институциите треба да го сфатат проблемот сериозно. Мора да има повеќе инспектори на терен. Да има повеќе корпи за смет по градовите. Сите знаеме дека во Франција и Германија луѓето имаат дисциплина поради казните, да не се лажеме. Јас сметам дека и Штип е загаден град како Тетово и Скопје. Мораме да имаме плански депонии во регионите во државата. Кога ќе ги имаме нив и кога ќе бидеме на ниво да се селектира оптадот, тогаш ќе имаме ефекти. Се палат гуми, смет, тоа чади и секако дека го загадува и воздухот. Во Холандија имаат многу добра пракса, тие автомобилските гуми не ги палат, туку ги сецкаат и ги искористуваат, и ние секогаш кога сме повикани некаде, тоа го кажуваме како пример“, вели Јорданка Калајџиеска, од еколошкото друштво Виножито од Штип.

Нестор Јаулески, еколог и професор по билогија од Струга вели дека во секој регион има еколошки проблеми, но треба да се утврдат приоритетите.

Од друга страна пак министерот за животна средина, Насер Нуредини, за критиките на граѓанските активисти дека Планот за чист воздух не е реализиран, вели дека овој проблем не може да се реши краткорочно, без оглед што планот постои.


Слично

Поврзани вести