Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загадениот воздух се врати во Скопје

Загадениот воздух се врати во Скопје

По краток период со почист воздух, во Скопје се врати аерозагадувањето. 

Попладнево Скопје е 14 најзагаден град во светот, а утрово беше прв на air visual. 

Во Македонија попладнево високо загаден воздух дишат тетовчани, кичевчани и кумановци. 

Во другите општини воздухот е средно или ниско загаден. 

Најчист воздух моментално дишат граѓаните на Кочани. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа иницијатива  во Собранието да се дебатира за информацијата за енормното загадувањето. 

Претходно, еколошките здруженија на оваа тема дискутираа на средба со шефот на државата, Стево Пендаровски. 

Од балканските градови, Сараево попладнево е најзагаден и е трет во светски рамки. 

Слично

Поврзани вести