Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загаден воздух во неколку македонски градови

Загаден воздух во неколку македонски градови
Скопје, Тетово, Велес и Кавадарци - ова се градовите во кои од утрово е регистрирана најголема концентрација на штетните ПМ10 честички во воздухот. Ситуацијата во Скопје дополнително ја влоши и густата магла која од утрово зафати делови од градот. На мерната станица во Лисиче, загаденоста беше седумпати поголема од дозволеното ниво, а во Гази Баба - пет пати. Кај Ректорат, Карпош и Центар концентрацијата на штетни честички беше четири пати поголема од пропишаните европски законски регулативи. Како најголеми загадувачи на воздухот надлежните ги посочуваат големите индустриски капацитети, но и издувните гасови од автомобилите и начинот на греење кај домаќинствата и градежништвото.
Слично

Поврзани вести