Зафировски: Владата ако сака Македонија да стане полноправна членка на ЕУ мора да си го среди сопственото буниште
Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа изјави дека Владата ако сака Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија најнапред мора да си го среди сопственото буниште.
Тој додаде дека дури 4 проценти од граѓаните имаат доверба во правосудниот систем на Република Македонија.
„Да воспостави правосуден систем, правна држава достапна за секого а не за оние кои може да си ја купат. Да воспостави амбиент за развивање на економијата и поттикнување на претприемиштвето“, истакна Зафировски.
Вели дека премиерот Димитар Ковачевски има механизми веднаш да го реши струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и да му ги одземе ингеренциите. Зафировски мислел дека и премиерот ќе биде на „црната листа“ на САД.
