Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зафиров: „Супорт Кочани“ заборавени од државата на годишнината од трагедијата

Зафиров: „Супорт Кочани“ заборавени од државата на годишнината од трагедијата

Тоше Зафиров, член во Кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски, реагираше на совијалните мрежи дека граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, која се истакна по собирањето на парични и непарични донации за повредените и за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, не добила признание од државата на годишнината од болниот настан.

Според Зафиров, граѓанската иницијатива не била вклучена ниту на национално, ниту на локално ниво во програмите што ги изготвиле Владата и Општина Кочани за одбележување на трагичниот настан во кој загинаа 63 лица.

- Еден “куриозитет”, волонтерите од Support Kocani не се вклучени во ниту еден дел од програмата за одбележување на годишнината организирана од Општина Кочани ниту беа дел од програмата на Меѓународната конференција на Влада на Република Северна Македонија. Вака државата го почитува и стимулира волонтерството и солидарноста во Македонија, реагираше тој.

Слично

Поврзани вести