Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зафирчев: Повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот

Зафирчев: Повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот

Актерот Васил Зафирчев на вчерашниот протестен собир на иницијативата за „Заедничка Македонија“ побара да се заштити унитарноста на Македонија, а со тоа и македонскиот јазик.

„Драги мои сограѓани, богољуби, почитувани граѓани на Република Македонија, драг мој Македонски народе, јазикот е наш долг и наше право, ние мораме да го чуваме затоа што е наш, како што е наша и татковината. Народ без јазик е налик на човек без пат, кој не знае кој е од каде е и каде оди, напиша пред повеќе од  100 години големиот Македонец  Крсте Петков Мисирков. И после речиси повеќе од век и половина, во 21 век, во современа Европа, во современа Македонија, ние повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот, да го сочуваме името наше Македонско, да ја сочуваме државата таква каква што ја имаме, таква каква што ја сакаме, една единствена, унитарна и суверена, посочи Зафирчев.

Протестните собири на „Заедничка Македонија“ ќе продолжат и денеска.


Слично

Поврзани вести