Заев: Знам дека му е тешко на раководството на ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Заев и предводник на СДСМ по завршувањето на локалните избори порача дека ќе нема простор за прослави и еуфории и дека веднаш ќе треба да се посветат на решавање на проблемите на граѓаните бидејќи одговорноста сега е огромна.
„Голема победа, им честитам на сите граѓани за овој празник на демократијата. Имавме демократски, фер и чисти избори, вистинска слика за волјата на граѓаните, резултатите беа очекувани за нас и противниците. Граѓаните ја потврдија победата и јасно се определија за поквалитетен живот за сите. СДСМ и коалицијата победи во огромен број на општини и добивме пораки дека земјата се движи во вистински правец. Уште од вечерва ја продолжуваме акцијата за живот и решавање на проблемите на граѓаните, има огромни очекување кои не смее да се разочараат. Не смее да има еуфорија, ќе работиме напорно. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат својот став за кој и самите знаат дека поми . Ги разбирам овие тешки моменти во кои се наоѓа раководството на нашиот политички противник, но треба да се однесуваат како сериозен политички субјект и треба да дадат придонес за реформите. Апелирам во прв план да ги стават интересите на граѓаните. Нека ни е вечна слободата, да живее европска и просперитетна Македонија“, рече Заев.
