Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев зборувал со Џафери: Измените на Изборниот законик нема да поминат во Собрание, прагот за листите останува ист

Заев зборувал со Џафери: Измените на Изборниот законик нема да поминат во Собрание, прагот за листите останува ист

За овие локални избори нема да се менува изборниот праг за советничките листи и за независните кандидати, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Како што изјави тој, разговарал со претседателот на Собранието Талат Џафери, кој го информирал дека поради амандманската блокада на измените и несогласувањата меѓу партиите, до овие избори не може да се гласаат ваквите промени.

„Изборниот законик ќе остане таков каков што е за да нема замерки дека во „пет до 12„ нешто се прави, а притоа тоа би било само блокада на законското решение. Законското решение ги потврдува поволностите на независните листи, значи прагот останува ист, ги дава сите досегашните можности на конституирање на кандидатските листи за советници и градоначалници, ја зголеми транспаретноста и одговорноста заради вградените препораки од ОБСЕ/ОДИХР,  првпат ќе се гласа со отисок од прст што е гаранција за фер и демократски избори“ рече Заев.

Од утре почнува процесот на собирање потписи за независните кандидати.


Слично

Поврзани вести