Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев застана на страна на Рашковски, лично ќе му се извини и на „Леонардо“

Заев застана на страна на Рашковски, лично ќе му се извини и на „Леонардо“

Премиерот Заев нема да бара генералниот секретар на Владата Драги Рашковски да се повлече од функцијата. Тој застана во негова одбрана и рече дека нема да бара оставка бидејќи Рашковски ги исполнувал сите свои работни обврски, а и јавно се извинил за случајот.

Првиот човек на Владата вели дека не треба да бидат третирани како боксерски вреќи и да се прават салата.

-Случајот со „Леонардо“ го затекнавме кога дојдовме како Влада. Се работи за тендер што е завршен во 2016 година, но постапката до крај не е завршена. Тоа беше јавно, детално објаснето. Тужба како Влада, нема да поднесеме, но секој како физичко лице тоа може да го стори за да го заштити својот дигнитет и достоинство. Кога прифаќаме одредени функции свесни сме дека треба да бидеме под лупа на јавноста, но тоа не значи да бидеме и боксерски вреќи, некој да не прави салата- посочи Заев по пуштањето на контролниот центар за патарини во Петровец.

Тој лично ќе испрати писмо до „Леонардо“, со извинување од име на Владата. Тоа ќе го стори и кон ромската заедница во земјава.

– Италија е наш докажан пријател, а и на ромската заедница и даваме посебно место. Ја користам приликата за извинување во име на Владата, но истрагата ќе покаже дали случајот е монтиран. Верувам дека ќе има истраги и кривични постапки, истакна Заев.


Слично

Поврзани вести