Заев: Започнати се разговори со спортските федерации за промена на имињата
Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за ТВ21 рече дека започнати се разговорите со спортските федерации во Македонија за промена на нивното име, по реакцијата од страна на Грција.
- Голем дел од федерациите спортски го сменија името согласно Уставот, затоа што тие се репрезенти или репрезентации на Cеверна Македонија и редот е да ја претставуваат Македонија. Верувам дека тоа ќе го постигнеме и со фудбалската федерација, рече Заев.
Заев претходно рече дека проблемот по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое се појавува на дресот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020, ќе се „реши“ според договорот од Преспа во 2018 година.
„Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација ја претставува Северна Македонија на шампионатот. Иако федерацијата не е државна установа, националнот тим е како секаде во светот. Затоа треба да биде јасно на сите нивоа дека тоа е националниот тим на Северна Македонија без разлика на иницијалите на федерацијата на дресот. Веќе е разговарано со федерацијата. Договорот од Преспа е тековен и целта е постепено да се најдат решенија со нашите соседи“, рече претходно премиерот.
