Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ЗАМИНА БЕЗ ИЗЈАВА, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРИФИ НЕ КАЖА ДЕТАЛИ: Ќе се чека истрагата за големата трагедија во модуларната болница во Тетово

ЗАЕВ ЗАМИНА БЕЗ ИЗЈАВА, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРИФИ НЕ КАЖА ДЕТАЛИ: Ќе се чека истрагата за големата трагедија во модуларната болница во Тетово

Како што кажа и премиерот Зоран Зев, нема да има изјави се додека не се добијат официјални информации, како за бројот на жртвите, како и за причините на несречата, ова е голема и сериозна трагедија за жал и информациите и деталите ќе се чекаат додека надлежните органи ја завршат нивната работа, изјави вечерва градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, по едночасовниот состанок на Кризниот штаб свикан итно заради избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.

Таа потенцираше дека сите служби се на лице место, ќе работат и во текот на ноќта и утре се до целосно добивање на информациите.

Претходнопремиерот Заев излезе од состанокот со образложение дека треба да се сочекаат деталите од истрагата. Единствено што изјави е неговата објава на Фејбук во која вели експлозија го предизвикала пожарот и дека причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.

Во очекување на официјална изјава и од министерот за здравство, Венко Филипче, претходно имаше куса информација со која потврди 10 жртви во пожарот, нагласувајќи дека бројот може и да се зголеми. 

А. Б. 

Слично

Поврзани вести