Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев закажа прес-конференција со Столтенберг за примање на поканата

Заев закажа прес-конференција со Столтенберг за примање на поканата

Поканата за отпочнување преговори за членство на Македoнија во Алијансата, премиерот Зоран Заев ќе добие лично од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во четврток, во 13 часот и 30 минути. 

Ова стои во првичната агенда на Владата испратена до акредитираните новинари кои ќе го следат настанот. Дводневниот Самит на лидерите на НАТО почнува во среда. За во четврток најавена e централна прес конференција на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а потоа тој ќе одржи и заедничка прес конференција со македонскиот премиер. 

Во владината делегација која ќе присуствува на НАТО самитот, покрај премиерот Заев се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. 

Слично

Поврзани вести