Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев загрижен од најавите за можно укинување на безвизниот режим со ЕУ

Заев загрижен од најавите за можно укинување на безвизниот режим со ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека е загрижен од неформалните најави на ЕУ да го укине безвизниот режим за земјите од Западен Балкан, иако според него Македонија не направила никакви злоупотреби.
 - Ние го немаме проблемот, но не значи дека не треба да бидеме загрижени за нешто што се случува за Западен Балкан. Во редовните коресподенции со Европската Унија едно од прашањата е токму тоа - визната либерализација има свои критериуми и стандарди и затоа треба да биде почитувана и оддржана. За жал, многу често се злоупотребува, ама тоа од поединци и тогаш се очекува од земјите кои ја имаат визната либерализација а не се членки на ЕУ  да превземаат соодветни чекори. Кај нас чекорите кои ги превземаме се превентива - да не се случат такви работи, рече денеска Заев пред медиумите.
Наводната злоупотреба од страна на некои држави од Западен Балкан, како и од Молдавија, Грузија и Украина, ги натера некои членки на Европската унија, како што се Германија и Франција, да ја разгледаат можноста за укинување на безвизниот режим, се наведува во интерен документ на ЕУ. Меѓу наведените злоупотреби се незаконски престој и неосновани барања за азил. Документот е од 27 септември.

Слично

Поврзани вести