Заев: Зафировски има контакти со кабинетот на Макрон
Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање денеска наведе дека извесниот Љупчо Зафировски е ангажиран, бидејќи имал контакти со кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон. Ваквиот одговор следи откако денеска беше објавено дека овој советник анонимен за јавноста е ангажиран со 75.000 денари месечна плата за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“.
- Љупчо Зафировски е од приватниот сектор. Има контакти со дипломатскиот дел во кабинетот на Макрон. Франција има многу малку информации за Македонија. Ги добива само од амбасадата, а треба таму да пласираме повеќе информации. Знаеме дека подолг период Франција беше со прилична резерва кон проширувањето. Добробитно е секогаш да имаме ангажиран човек таму. Тој живее во Париз. Живото е поскап во Франција и затоа зема 75.000 денари. Самиот кабинет и службите му ја одредуваат платата, јас прв пат слушнав за оваа сума, рече Заев од собраниската говорница.
За ангажирањето на Александар Ружин како надворешен советник рече дека и тој има свои конекции и познанатсва во франција и земјите од Бенелукс.
- Контактира со странски инвестиции, води разговори со компаниите кои проверуваат мерки и можности за ТИРЗ-овите во Македонија. Контактира со француските компании во делот од екологијата. Со „Вјоли“ има разговарано два пати. Контакти има со компании од здравството. Еве во моментов им обезбедува технички услови за отворање на преставнишво на компанија од армиската индустрија. Млад човек е, добро образован. Секогаш ќе ангажирам такви луѓе - наведе премиерот.
