Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗAEВ ЗА ВЕРУШЕВСКИ: Да оставиме второто рочиште да ги каже вистините

ЗAEВ ЗА ВЕРУШЕВСКИ: Да оставиме второто рочиште да ги каже вистините

Премиерот Зоран Заев во интервју за Гласот на Америка вели дека со своите советници имал разговори на дневна основа, а меѓу нив бил и Зоран Верушевски, кој е негов владин советник.  Верушевски во сведочењето рече дека „бомбите“ завршувале во СДСМ, а не кај него, а биле и модифицирани.

„Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и прво да нема дилема за никој во функција на тоа“, изјави Заев.

Toј очекува дека во октомври ќе се разјасни она што го изнесе Верушевски. 

Заев е оптимист дека до 15 октомври, кога се очекува одлука на министрите на ЕУ за доделување датум за преговори за членство во Унијата, ќе биде постигнат договор за јавното обвинителство.

Слично

Поврзани вести