ЗАЕВ ЗА СРПСКИ КУРИР: Како премиер е тешко да се има приватност, и нема да кажам ни маицата, ни гаќите од каде ми се
Во денешното
интервју за Курир.рс, премиерот Зоран Заев открива како од „мотика стигнува до
политиката“. Говори како е тешко да се сокрие приватниот живот на премиерот, но
дека е сепак голема чест и одговорност да се извршува ваквата функција.
-Да се биде премиер не е задоволство затоа што нема ништо од приватниот живот. Мора да кажете сè што ќе ве прашаат, не можете да сокриете ништо. А секој сака да има некои свои тајни. Кога се вакцинирав, дури ме прашаа каде ја купив маицата и колку чини, дали е тоа некој бренд. Но, јас ја платив 370 денари, што е околу шест евра. И реков дека нема да кажам ниту од каде ми е маицата, ниту гаќите. Имам право тоа да биде моја работа. Од друга страна, голема чест и одговорност е да се биде премиер. Никогаш не сонував дека ќе бидам премиер. Роден сум во Муртино, работев земјоделство, продавав на пазар. Но, животот носи непознати патеки. Премиерот треба да служи максимум два мандата, бидејќи постои ризик повеќе од тоа да стане автократ. Тоа е ризик насекаде, но особено на Балканот. Добро е што секогаш доаѓаат нови луѓе. Јас сум во мојот втор мандат, кој треба да биде до 2024 година и верувам дека тогаш ќе го завршам. Најмногу се каам веројатно што така влегов во политиката, на прва.Кај нас старите велат: „Бегај од политиката и мотиката“. А јас дојдов во политиката од мотика. Катастрофа. Политиката е како порок - тешко е да се влезе и излезе. Но, се разбира, голема чест е да се биде премиер на својата земја, вели премиерот во интервјуто.
