Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: За спортските федерации издвоени 3 милиони евра

Заев: За спортските федерации издвоени 3 милиони евра

Премиерот Зоран Заев објави дека владата решила да издвои 3 милиони евра за спортските федерации преку ваучер-системот како помош за справувањето со ковид-кризата.
„Создаваме услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации и во вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19.

На 65-тата седница на Владата, донесовме одлука за одобрување на 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година од програмите за ковид мерките за спортските федерации на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт. Како Влада, продолжуваме со постојана поддршка на спортот и спортските работници“, напиша Заев на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести