Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА: Очекувам до крајот на овој месец да почнат да се раздвижуваат работите

ЗАЕВ ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА: Очекувам до крајот на овој месец да почнат да се раздвижуваат работите

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на овој месец да се раздвижат работите околу напорите за решавање на спорот за името со Грција. 

Заев рече дека за ова веќе е разговарано и со претседателот  Ѓорге Иванов. Заев вели дека во силно изразени пријателски околности со соседите и со Грција имаат  поголеми шанси да изнајдат решение. 

„Очекувам дека до крајот на овој месец да почнат да се раздвижуваат работите. На располагање сум за средби на премиерско ниво, министерот за надворешни работи е исто така подготвен. Веќе разговаравме со претседателот на државата, дека Македонија мора да биде подготвенa за исчекор кон решавањето на ова прашање“ – изјави Заев. 

Тој се надева дека опозицијата ќе биде вклучена максимално во процесот, но не со блокади, туку за да се направи сè за изнаоѓање на решение. 

Слично

Поврзани вести