Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за спорот со Бугарија: Со вакво однесување, ЕУ немаше да постои

Заев за спорот со Бугарија: Со вакво однесување, ЕУ немаше да постои

Премиерот Зоран Заев,во интервју за луксембршкиот весник „Ворт“ вели дека Македонија ја продолжува „европеизацијата“ и покрај блокадата од Бугарија за добивање на датумот за преговори.

Претседателот на Владата заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими е во работната посета на Луксембург и денеска оствари средба со премиерот на оваа земја Ксавиер Бетел.

„Точно, неблагодарно е што нашиот сосед, Бугарија, стави ново вето за нас во декември 2020. Главната цел е да се решат историските разлики во интерпретациите помеѓу Скопје и Софија. Морам да кажам дека со вакво однесување, ЕУ никогаш нема да постои, Европејците гледаа кон иднината, не минатото“, вели Заев во интервјуто.

Заев ја повика ЕУ да помогне, а Брисел „треба да докаже дека ги почитува вредностите на ЕУ и дека историските спорови не смеат да бидат пречка за иднината на земјата“.

Тој вели дека има во Македонија и разочарување од набавката на вакцини против Ковид-19, но дека „им било кажано дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините“.



Слично

Поврзани вести