Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за СЈО: Поединците се менливи, системот е државна обврска

Заев за СЈО: Поединците се менливи, системот е државна обврска

Не се ни трудам да вртам телефони и да се информирам за случувањата во СЈО, вели премиерот Зоран Заев. 

Тој изјави дека може само да ги охрабри, истрагата да продолжи.

„Случувањата во Специјалното јавно обвинителство се во рацете на обвинителите и јас не треба воопшто да се мешам, па ниту добронамерно“, изјави Заев.

Вели дека секој одминат ден отвора нова дебата. 

„За форензиките не знам ништо. Читав во медиумите, а тие материјали не може никој да ги избрише. Нека си одлучат обвинителите. Сметам дека Заев не треба таму да се меша. Поединците се менливи, системот е државна обврска“, порача Заев.

Бришење на податоците, отстранување на материјатлите, во компјутерите на СЈО се врши етапно и само од персоналните компјутери на стручните соработници и истражителите, но не и на обвинителите, велат соговорници од таму за Дојче Веле и според тоа не би можело да има злоупотреба со бришење на податоци.

Слично

Поврзани вести