Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за Швајцарската радиотелевизија: По нас удираа со се што им се најде при рака

Заев за Швајцарската радиотелевизија: По нас удираа со се што им се најде при рака

Во интервју за Швајцарската радиотелевизија лидерот на СДСМ, Зоран Заев зборува за насилството во Собранието, за улогата на полицијата, идните потези и улогата на ЕУ во надминувањето на кризата, објави Дојче веле.

Заев во подолго интервју за Швајцарската радиотелевизија – СРФ раскажува како ги доживеал настаните од четвртокот вечерта. 

„Тие бандити влегоа за да нѐ убијат. По нас удираа со сѐ што им се најде при рака“ - вели Заев. 

На прашањето дали и полицијата била инволвирана, Заев одговара:

„Да, се разбира. Полицајци и пратеници на ВМРО ги отстранија металните шипки со кои вратите на Парламентот се обезбедени од внатрешна страна. На тој начин оние што протестираа добија можност да влезат во Парламентот. Полицајци и луѓе на ВМРО им го покажуваа патот за да можат да стигнат најбрзо што е можно до нас. По два часа полицајци професионалци дојдоа да ни помогнат. Нѐ однесоа во безбедна просторија од каде нѐ евакуираа. Но, до тој момент и овие полицајци немале наредба да интервенираат“ - изјави Заев. 

Заев вели дека „големо мнозинство од полицајците сака да работи професионално, но тие мора да слушаат наредби“:

Слично

Поврзани вести