Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за Шпигел: Не гледам причина да се менува Уставот, би било мошне недостоинствено

Заев за Шпигел: Не гледам причина да се менува Уставот, би било мошне недостоинствено

Ова име е нашата гордост и нашиот идентитет. Не гледам причина тоа да се менува во Уставот, тоа би било мошне недостоинствено, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за германски Шпигл.

Новиот македонски премиер, Зоран Заев сака да го реши деценискиот спор околу името со Грција. Владата е подготвена да исполни многу барања - со еден исклучок, пишува Шпигл.

Додека канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата со својот гостин Зоран Заев зборуваше за „Македонија“, многумина го слушнаа тоа. Официјално, Германија ја има признаено татковината на премиерот како „поранешна југословенска Република Македонија“ - а изборот на зборови на Меркел сега беше мала, но значајна симболика, наведува  германскиот весник.

Во интервјуто премиерот Заев, исто така, најави дека ќе биде формирана заедничка комисија која ќе работи на преиспитување на содржините во историските читанки.

„Ќе работиме во рамки на заедничка комисија за преиспитување на содржините во историските учебници“- вели Заев.

Заев за Шпигел вели дека не сака ниту да замисли дека нема да биде најдено решение за овој спор.

Слично

Поврзани вести