ЗАЕВ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ОД ДУИ: Да не додаваме шлагче, црешка и да правиме торта, ќе соопшти ДУИ во сабота
Премиерот Зоран
Заев на денешниот настан на Клиниката за торакална хирургија, паршан дали ќе
поддржат градоначалник на Скопје од редовите на ДУИ, истакна дека тоа ќе го соопшти
коалициониот партнер во сабота. Единствено што откри е тоа дека станува за
нешто што ќе биде добро за државата.
-Јас ќе ви кажам тоа што го знам, а секако сум информиран од мојот прв потпретседател во Владата. ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава е затоа што е во целосна корелација на работењето на Владата, убава е затоа што е модерна, соодветна на 21 век, мене ме бендисува што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ. Ќе оставам тоа да го соопшти ДУИ тоа е нивна агенда, споделена со нас нормално. Верувам сето тоа е во духот на унапредувањето на севкупниот политички амбиент во државата. Тоа ДУИ што го прави е убава работа. Но, да не шпекулираме порано, ќе се пушти теза точна-неточна, па на неа после си додаваме слагче, црешка и правиме торта од тоа. Еве сабота е преку еден ден. Ќе видите дека е нешто добро за државата, новина и освежување, но ќе оставам ДУИ да соопшти, рече премиерот Заев.
А.Б.