Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за Шаќири: Ќе работи за плата за да го нахрани неговото многучедно семејство

Заев за Шаќири: Ќе работи за плата за да го нахрани неговото многучедно семејство

За изборот на Џезаир Шаќири за соработник во кабинетот на премиерот, Зоран Заев тој денеска изјави дека и Шаќири е граѓанин на Републикка Македонија како и останатите и дека ќе работи за плата за да го нахрани неговото многучедно семејство. 

Вели дека во врска со неговиот избор нема никакви предрасуди.

„Шаќири соработувал со активисти на СДСМ. Не ги делам граѓаните на Република Македонија и верувам дека секој може да биде ангажиран, да биде соработник, советник или да даде придонес. А Шаќири и те како може да даде придонес на ова место. Тој работи за плата и верувам дека таа ќе му овозможи да се грижи за неговото многучедно семејство. И тие се граѓани на РМ како и останатите. Јас сум човек кој нема предрасуди и ги повикувам сите да немаат предрасуди како и мене. Верувам дека човекот може да помогне доколку се појават екстремисти на територијата на која живее и знам дека поголем дел од времето го поминува во Танушевци, а преку тоа чесно да заработи лебче за своето семејство“- изјави Заев.

Тој верува дека Шаќири може да биде од корист. 

Слично

Поврзани вести