Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: За секој министер се знае колку кафиња и води испил

Заев: За секој министер се знае колку кафиња и води испил

Премиерот Зоран Заев денеска на претставувањето на Планот за сузбивање на корупцијата, одговрајќи на новинарско прашање, рече дека граѓаните денеска, за разлика од порано, може да ги следат транспарентно трошоците на владините функционери.

- Секој граѓанин со еден „клик“ денеска може да дознае колку кафиња и колку води испил некој министер, рече Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски.

Тој додаде дека досега се разрешени 30 функционери кои постапувале неетички според антикорупциските критериуми.

По првостепената пресуда за случајот „Таргет Тврдина“, премиерот очекува позитивен исход и од предметот „Титаник“.

- Следен предмет за кој очекувам значајна пресуда е „Титаник“ и тука ќе има силна порака, да не му текне на никој да мести избори. Можеби е поделено мислењето за тоа дали има правда и мир, но ваквите пресуди испраќаат порака дека нема тајни пактови, додаде Заев.



Слично

Поврзани вести